05–09.03.2027 | 5 дена / 4 ноќевања | 499 € по лице / 30.940 МКД
Поминете го 8-ми Март во еден од најубавите градови на Егејскиот брег и уживајте во комбинација од историја, култура и медитеранска атмосфера.
Ќе уживаме во „турскиот град на море“ – град со илјадници години историја, базари, антички локалитети и одлична храна. Ќе го посетиме мистичниот Ефес, ќе си замислиме најскрени желби во Куќата на Богородица, ќе пиеме кафе во живописното Алачати и ќе дегустираме вино во винарија во Урла со величествен поглед.
ПРВ ДЕН – 05.03.2027 (ПЕТОК) | СКОПЈЕ – ИЗМИР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 10:45 часот и слетување во 14:00 часот локално време. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување.
Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа Кордон, шеталиштето покрај Егејското Море, кое е особено убаво пред зајдисонце, каде локалните жители често седат покрај морето или во кафулињата. Уживање и во прекрасното пристаниште Konak Pier каде има прекрасни ресторани. Двете локации се познати по ноќниот живот. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 06.03.2027 (САБОТА) | ИЗМИР
Појадок. По појадокот можност за факултативна пешачка тура со разглед на Измир – градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови. Посета на Kordonboyu заливот, пристаништето на Измир, Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Измир има историја од повеќе илјади години, а денешниот центар е изграден врз слоеви од различни цивилизации. Часовникот на Конак од 1901 година се наоѓа на плоштадот Конак, а историскиот лифт Asansör е изграден за да поврзува два дела од градот на различна височина и денес е одлично место за поглед кон заливот.
Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.03.2027 (НЕДЕЛА) | ЧЕШМЕ – АЛАЧАТИ – УРЛА
Појадок. После појадок состанок на групата и факултативно заминување кон Чешме, атрактивното и светски познато летувалиште, најзападниот приморски град во Турција. Посета на марината во Чешме и замокот Чешме Калеси, изграден во 1508 година во времето на султанот Бајазит II. Слободно време за ручек или кафе.
Продолжуваме кон волшебното Алачати, „скриениот скапоцен камен на Турција“. Градот е познат по камените куќи во пастелни бои, тесните калдрмисани улички украсени со цвеќе, ветерниците, бутик хотелите и рестораните. Кратка пешачка тура со посета на Пазариери џамија, по што следува време за кафе, шопинг и индивидуални активности.
На враќање застануваме во винаријата URLA, каде ќе уживаме во дегустација на неколку локално произведени вина со стручен водич и информации за лозјето, производството и локалната винска култура. Враќање во хотелот. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН – 08.03.2027 (ПОНЕДЕЛНИК) | ЕФЕС И КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА
Појадок. Можност за факултативна екскурзија до Ефес и Куќата на Богородица. Ефес бил еден од најзначајните градови во времето на Римската Империја и важен трговски центар на Медитеранот. Ќе ги посетиме Библиотеката на Целзус, Големиот театар и Храмот на Адријан, а во близина се наоѓаат и остатоците од Храмот на Артемида – едно од седумте чуда на Стариот век.
Продолжуваме со посета на Куќата на Богородица – едно од најважните места за посета за христијанскиот свет, каде според традицијата Богородица ги поминала последните години од својот земен живот. Можност за палење свеќа, вода од изворот и оставање белешка со желба на Ѕидот на желбите. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН – 09.03.2027 (ВТОРНИК) | ИЗМИР – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел и трансфер кон аеродром. Полетување за Скопје во 16:35 часот. Пристигнување во Скопје во 15:50 часот локално време.
СМЕСТУВАЊЕ И ЦЕНА
4 ноќевања со појадок во хотел Ibos İzmir 4★ во центарот на Измир или сличен.
Цена: 499 € по лице / 30.940 МКД
ЗА ПРВИТЕ 6 ПРИЈАВЕНИ ЛИЦА – ВКЛУЧЕНА Е ПАНОРАМСКА ПЕШАЧКА ТУРА ИЗМИР
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Директен авионски лет со Pegasus Airlines: 05.03.2027 PC1572 Скопје–Измир 10:45–14:00; 09.03.2027 PC1571 Измир–Скопје 16:35–15:50
- Чекиран багаж 20 kg по лице и рачен кабински багаж 8 kg по лице, согласно политиката на авиокомпанијата
- 4 ноќевања со појадок во хотел Ibos İzmir 4★ или сличен
- Туристичка такса
- Организиран трансфер аеродром–хотел–аеродром
- Организација на аранжманот и лиценциран придружник за време на целото патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Пешачка тура низ Измир со локален водич на англиски јазик (Кемералти базар, Саат кулата, Кордон) – 35 € по лице
- Целодневна факултативна посета на Алачати и Чешме со посета на винарија во Урла со водич – 65 € по лице, за минимум 15 лица, без ручек
- Целодневна факултативна посета на Ефес со локален водич на англиски јазик и Куќата на Богородица, со вклучен ручек во локален ресторан – 95 € по лице, за минимум 15 лица, без влезници
- Задолжително патничко-здравствено осигурување
- Бакшиш за возач и водич / екскурзија
- Индивидуални трошоци и сè што не е наведено во „Цената вклучува“
- Доплата за еднокреветна соба – 130 €
- Трето лице во трокреветна соба – 10% попуст
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 20 патници.
- Цените се изразени во евра; уплатата е во денарска противвредност по курс 1 € = 62 МКД.
- За резервација е задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата е 10 дена пред поаѓање.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
- Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција; пријавување до 5 дена пред патувањето, плаќање на лице место.
- Организаторот го задржува правото да ги откаже факултативите или да ја зголеми цената при недоволен број пријавени.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање поради недоволен број патници или виша сила.
- Пасошот мора да важи минимум 6 месеци од денот на враќањето.



