БРАТИСЛАВА И ВИЕНА – БОЖИЌНИ ПАЗАРИ

06–09.12.2026 | 4 дена / 3 ноќевања | Авион од Скопје

Две царски престолнини, една незаборавна приказна во срцето на некогашната Австро-Унгарска империја. Доживејте го шармот на Централна Европа во нејзиното најубаво божиќно издание.

Братислава, шармантниот главен град на Словачка на бреговите на Дунав, и Виена, градот на уметноста и царскиот сјај, за време на Божиќ се претвораат во вистинска празнична магија со традиционални божиќни пазари.

ПРОГРАМА – ВКЛУЧЕНА ГРАДСКА ТУРА ВО БРАТИСЛАВА И ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА ВО ВИЕНА

FIRST MINUTE PROMO: 529 € / 32.800 МКД – до пополнување на промотивните места

РЕДОВНА ЦЕНА: 565 € / 35.000 МКД – по пополнување на промотивните места

06 ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА) | СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА

Состанок на аеродромот во Скопје во 19:30 часот. Полетување за Братислава во 21:35 и слетување во 23:10 часот. Трансфер до хотелот во Братислава и сместување. Ноќевање.

07 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) | БРАТИСЛАВА

Појадок. По појадокот заминуваме на разглед на Братислава, со посета на Братиславскиот замок, кој се издига над градот и Дунав и нуди прекрасен поглед. Продолжуваме кон живописниот стар град Staré Mesto, со тесни улички, историски градби и познатите скриени статуи, меѓу кои Чумил. Поминуваме под Михалската порта и продолжуваме кон средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Старото градско собрание и Хвјездославовиот плоштад.

Слободно време за кафе и ручек. Во приквечерните часови посета на традиционалниот божиќен базар и уживање во празничната атмосфера со ароматично греено вино. Ноќевање.

08 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) | ВИЕНА

Појадок. По појадокот заминуваме на целодневна тура во Виена, оддалечена околу еден час возење од Братислава. Обиколка на Рингштрасе и посета на дел од најзначајните знаменитости на поранешната престолнина на Австро-Унгарската империја. Ќе застанеме кај величествениот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Јозеф и една од најголемите туристички атракции во Виена.

Продолжуваме со пешачка прошетка низ центарот: Црквата Св. Петар, улицата Грабен, Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан, како и дворецот Хофбург, некогашно седиште на Хабсбуршката империја.

Слободно време за шопинг, виенско кафе, Сахер торта или виенска шницла. Посета на божиќен базар за празнична атмосфера, топли пијалоци, слатки, сувенири и божиќни подароци. Враќање во хотелот. Ноќевање.

09 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) | БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотелот и слободно време за индивидуални активности.

Наш предлог е индивидуална посета на UFO Observation Deck на мостот SNP, панорамски видиковец на висина од 95 метри над Дунав, со 360-степен поглед на градот, Братиславскиот замок и историскиот центар. Можност и за посета на некој од шопинг центрите Aupark Bratislava или CENTRAL Bratislava, или прошетка низ градот.

Опција: факултативна посета на Parndorf Designer Outlet во Австрија.

Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 22:50 и слетување во 00:20 часот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Братислава – Скопје
  • Рачен багаж: 1 торба/куфер со димензии 40 × 30 × 20 cm, до 10 kg
  • Организиран трансфер од аеродромот до хотелот и обратно
  • 3 ноќевања со појадок во Hotel Saffron 4★ во Братислава, во стандардна двокреветна соба
  • Туристичка такса
  • Полудневен разглед на Братислава со локален водич според програмата (пешачка тура 3–4 часа)
  • Целодневна тура и разглед на Виена со локален водич според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето, на минимум 14 пријавени патници

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10 kg или до 20 kg; цената е променлива, информација во агенција 7 дена пред поаѓање
  • Влезници во локалитетите и карти за локален превоз
  • Посета на Parndorf – 40 € по лице, за минимум 10 пријавени лица; времетраење околу 4 часа
  • Индивидуална посета на UFO Observation Deck – влезница околу 10–12 €; според доставената програма, при вечера во ресторанот може да има бесплатен или намален влез
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Оброци освен наведениот појадок во хотел
  • Индивидуални факултативни излети и посети кои не се наведени во програмата
  • Доплата за еднокреветна соба – 140 € / 8.680 МКД

НАПОМЕНА ЗА СМЕСТУВАЊЕ:

Хотелот располага со трокреветни соби и нема можност да се додаде дополнително легло во стандардна двокреветна соба.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

  • Резервација на место со минимална уплата од 8.000 МКД по лице, која во случај на отказ од страна на патник е неповратна.
  • За реализација на аранжманот како група потребен е минимум од 14 патници.
  • Авионските карти не трпат промени согласно политиката на авиокомпанијата и се нерефундабилни.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
  • Доплата на аранжманот е 14 дена пред датумот на патување.
Scroll to Top